# Агент во контакт центар

> Mellon Group of Companies · Skopje, North Macedonia · — · Posted 2026-08-26

**Workplace:** on_site

## Description

**ПРИДРУЖИ НИ СЕ ВО МЕЛОН СОЛУШНС!**

**Агент во контакт центар**

**(реф. бр. 082026-011)**

Дали сакаш работа каде што комуникацијата е твојата најголема предност?

Ако си комуникативен/на, упорен/на и знаеш како да водиш добар разговор, тогаш можеби токму тебе те бараме.

Во Мелон ќе бидеш дел од професионален тим кој соработува со водечките банки и финансиски институции во земјата. Ќе добиеш обука, поддршка и можност да стекнеш вредно работно искуство во динамична и модерна работна средина.

**Што ќе работиш?**

-   Ќе комуницираш со клиенти на банки и финансиски институции преку телефон;
-   Ќе помагаш во пронаоѓање соодветни решенија и договарање за исполнување на обврските на клиентите;
-   Ќе учествуваш во кампањи за телефонска продажба и промоција на банкарски производи и услуги;
-   Ќе обезбедуваш информации и поддршка во различни информативни кампањи;
-   Ќе ги евидентираш разговорите и резултатите во современи дигитални системи;
-   Ќе работиш според јасно дефинирани процедури и стандарди.

**Кого бараме?**

Бараме личност која:

-   Има завршено најмалку средно образование;
-   Има добри комуникациски способности и пријатен телефонски настап;
-   Знае да слуша, преговара и да воспостави професионална комуникација;
-   Основно се снаоѓа со компјутер и MS office;
-   Е одговорна, организирана и ориентирана кон резултати;
-   Искуство во продажба, грижа за корисници, наплата на побарувања или работа во контакт центар ќе се смета за предност, но не е задолжително.

**Што добиваш?**

-   Сигурна работа во стабилна и организирана компанија;
-   Тимска средина каде што трудот и иницијативата се препознаваат и вреднуваат;
-   Можност за учење, стекнување искуство и професионален развој;
-   Поддршка и обука од искусен тим.

**Доколку сакаш да бидеш дел од тим кој комуницира со илјадници клиенти секој ден и да стекнеш искуство во една од водечките компании во областа на контакт центрите, аплицирај и придружи ни се!**

## Apply

[Apply at Mellon Group of Companies](https://apply.workable.com/mellongroup/j/BCE05D2D0C/apply)

---
Powered by [Workable](https://www.workable.com)
